Реал Мадрид ја одреди цената за Јовиќ, но…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јасно е дека Лука Јовиќ не докажа ништо во Реал Мадрид, па шпанскиот гигант е подготвен да го продаде, а неговата цена е 35 милиони евра.

Со оглед на тоа дека Карим Бензема е прва опција за нападот на Реал, тие планираат Мариано Диаз да му биде замена.

Свесни се на „Сантијаго Бернабеу“ дека ќе загубат многу ако остане Јовиќ уште една сезона и седи на клупата, па поради тоа сакаат да го продадат.

Јовиќ е желба на Милан, кој планира да го позајми, а потоа и да го откупи, а се појавуваат и некои други клубови кои го гледаат како добро засилување во нападот.