Реал Мадрид ќе добие нов десен бек кој игра одлично во Бундеслигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за десниот бек Жереми Фримпонг, кој вреди околу 20 милиони евра и во моментов настапува за Баер Леверкузен.

Фримпонг привлече интерес на „кралевите“, па не би требало да биде проблем за Реал да го купи доколку покаже таква желба и Карло Анчелоти.

Десниот бек во минатото играше за Манчестер сити пред да се пресели во Селтик во 2019 година со цел да добие шанса во првата екипа.

Фримпонг стана еден од најважните фудбалери на екипата, па сезонава тој настапи во секој меч на „фармацевтите“, а притоа запиша два гола и шест асистенции 20 меча во сите натпреварувања.

Шпанскиот гигант во моментов бара алтернатива за Дани Карвахал, кој не е во најдобра форма, па останува да видиме што ќе се случи во јануари на трансфер-маркетот.