Реал Мадрид ќе ја наполни касата: Пристигна понуда од Премиерлигата за Асенсио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид ќе продаде дел од фудбалерите кои не му се потребни на тренерот Карло Анчелоти, а еден од нив најверојатно ќе биде Марко Асенсио.

Англиските медиуми пишуваат дека премиерлигашот Њукасл, кој лани доби богати газди, ја испратил првата понуда за Шпанецот.

Шпанскиот фудбалер летово се очекува да се пресели на Островот, па така Реал Мадрид ќе ја наполни касата, зашто добиле понуда од 28 милиони евра од Њукасл.

Њукасл гради моќен тим со кој следната сезона ќе се обиде да се вмеша во борбата за топ-4 позициите.