Реал Мадрид купи нов фудбалер во последен момент, па направи џентлменски потег!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид се засили со Фран Гарсија, односно го договорил трансферот, по што решил да го остави фудбалерот да ја заврши сезоната на „Ваљекас“.

Гарсија доаѓа од младинската школа на „кралевите“, но првотимец стана во екипата на Рајо Валјекано за кој игра одлично во изминатиот период.

„Кралевите“ имаа опција да го вратат во свои редови и ја искористија клаузулата, односно платија пет милиони евра поради повредите на Ферлан Менди и Давид Алаба.

Иако се шпекулираше дека Гарсија веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти, сепак Реал реши да го остави младиот фудбалер на позајмица.