Реал Мадрид мора да продаде една од ѕвездите – Винисиус или Мбапе!?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид е во прилично лоша состојба по втората сезона по ред во која не е освоен трофеј. Ситуацијата отиде толку далеку што многумина веруваат дека Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе не можат да играат заедно и дека еден од нив мора да си замине од клубот.

Одредени луѓе од раководството на Реал Мадрид сметаат дека во клубот нема место за двете ѕвезди – Винисиус Жуниор или Килијан Мбапе.

Извори блиски до кралскиот клуб донесуваат навистина неверојатни информации. Мнозина внатре во клубот би сакале во текот на летото да се ослободат од еден од нив, но засега претседателот на клубот Флорентино Перез не сака ни да слушне за таков развој на ситуацијата.

„Постојат луѓе во Реал Мадрид кои веруваат дека партнерството Винисиус Жуниор – Килијан Мбапе не функционира и дека еден од нив мора да си замине од клубот ова лето”, се наведува и додава:

“Претседателот на клубот Флорентино Перез не го дели тоа мислење. Тој е уверен дека може да изгради победнички тим со двајцата во тимот.”