Реал Мадрид му нуди нов договор на Зидан и поголеми овластувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан освои три трофеи во Лигата на шампиони (ЛШ) со Реал Мадрид, а сезонава стигна до полуфинале и е на добар пат да ја освои четвртата титула.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез реши да му понуди нов договор на Зидан, кој би важел до 2024 година, а притоа Французинот да добие поголеми овластувања.

„Ел Конфиденсијал“ објави дека Зидан ќе добие соработка на нови три години, но и проширени овластувања, па Французинот ќе учествува директно во бирање на нови фудбалери, а ќе има право и да бира кои фудбалери да се продаваат и на кои да им се продолжат договорите.

„Одам ден по ден, не можам да размислувам далеку во иднината. Може да потпишете и договор на 10 години, па утре да добиете отказ. Или да потпишете на една година, па да останете 10“, вели Зидан.