Реал Мадрид му продава фудбалер на Арсенал за 21 милион евра?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе продаде дел од фудбалерите за да собере пари за нови засилувања, односно Џуд Белингам пред сè, а прв на листата за „отстрел“ е Марко Асенсио.

Асенсио е на излезни врати од Мадрид, а за неговите услуги е заинтересиран Арсенал кој наводно е подготвен да плати 21 милион евра.

Шпанскиот фудбалер имаше само три старта за екипата на Реал, а минутажата му се намалува бидејќи тренерот Карло Анчелоти повеќе им верува на Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Родриго.

Договорот на Асенсио завршува за шест месеци, па поради тоа „кралевите“ сакаат да го продадат уште зимава за да добијат поголема сума на пари за неговиот трансфер.