Реал Мадрид на лето ќе потроши 80 милиони евра за напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид не се засили во јануари со нов напаѓач, иако се шпекулираше такво нешто во последните денови од преодниот рок.

„Ел Дебате“ објави список на фудбалери кои би можеле да пристигнат во Мадрид следното лето, а еден од нив е српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Влаховиќ се поврзуваше со „кралевите“ и на крајот на јануари, но остана во Јувентус и ќе игра за поранешниот италијански првак до следното лето.

Јувентус е во тешка позиција и најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампиони, а тоа не му се допаѓа на Влаховиќ, кој ќе инсистира на трансфер.

Влаховиќ оваа сезона постигна шест гола и една асистенција на 11 настапи за „Старата дама“.