Реал Мадрид нуди 140 милиони за двајца фудбалери и му ја отвора вратата на СМС за голем трансфер!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид планира летово да се засилува, иако се шпекулираше дека нема да купат ниту едно засилување. Тренерот Зинедин Зидан го сака Камавинга од Рен и нуди 50 милиони евра плус 10 од бонуси за него.

Вториот трансфер е понуда за Каи Хаверц од 80 милиони евра. Најталентираниот германски фудбалер е желба и на Баерн Минхен, но и германски клубови.

Реал сака да го обезбеди неговиот потпис, зашто најверојатно клубот во 2021 ќе го напушти Лука Модриќ, па останува да видиме што ќе се случи со неговиот трансфер.

ПСЖ го сакаше Камавинга, но се откажаа, а токму овој потег на Реал ќе му ја отвори вратата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во францускиот гигант.