Реал Мадрид ослабен против Осасуна: Анчелоти ќе чува две ѕвезди за Ливерпул


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид полека ја губи битката за титулата во Ла Лига против Барселона, но во исто време се обидува да го освои трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Реал Мадрид во осминафиналето ќе игра против Ливерпул, а претходно ќе мора да се соочи против Осасуна, па затоа Карло Анчелоти реши да одмори некои од фудбалерите.

Анчелоти реши да го одмори Тони Крос на дуелот против Елче, а германскиот фудбалер ќе одмора и против Осасуна, додека на клупата ќе остане и Карим Бензема.

„Кралевите“ играат против Осасуна во сабота од 21 часот, а три дена подоцна ќе се соочат со Ливерпул.