Реал Мадрид остана без Куртоа – познато колку ќе паузира!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид остана без првиот голман Тибо Куртоа кој го повреди грбот, а според новите прогнози не станува збор за сериозен проблем.

Белгиецот нема да брани против Осасуна вечерва, а мали се шансите да настапи и во Лигата на шампиони (ЛШ) против Шахтер.

За Реал е најважно Куртоа да се врати на 16 октомври за кога е закажано „Ел Класико“ против Барселона.

Во отсуство на Куртоа, на голот на Реал ќе застане Украинецот Андриј Лунин, а до следниот викенд најверојатно ќе одмара и повредениот Лука Модриќ.

Мечот меѓу Реал Мадрид и Осасуна се игра вечерва од 21 часот.