Реал Мадрид остана без „моторот“ во борбата за титулата во Ла Лига


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид нема да може да смета на Тони Крос во последното коло од Ла Лига затоа што Германецот имаше позитивен тест на ковид-19.

Германецот пред една недела замина во изолација, поради што мораше да прави и тест, а сега дозна дека неговиот тест е позитивен.

Крос нема да биде во можност да му помогне на Реал против Виљареал во обидот „кралевите“ да дојдат до титулата во Ла Лига.

Тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета ниту на Карвахал, Варан, Серхио Рамос, Менди, Лукас Васкез, а сега отпадна и Крос.

„Кралевите“ имаат два бода помалку од Атлетико Мадрид и ќе станат шампиони ако го победат Виљареал, а тимот на Диего Симеоне не слави против Ваљадолид.