Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид побара од Европската фудбалска федерација (УЕФА) да ги одземе сите трофеи што Барселона ги освоила во периодот од 2001 до 2018 година. Причината е контроверзниот случај ‘Негреира’ во кој каталонскиот клуб е обвинет за купување на судии.
Реал Мадрид не се откажува од случајот ‘Негреира’. Кралскиот клуб излезе пред Европската фудбалска федерација со барање да се одземат сите трофеи на Барселона во периодот од 2001 до 2018 година.
Случајот Негреира е еден од најголемите скандали во историјата на шпанскиот фудбал, а се однесува на повеќегодишни исплати што Барселона ги извршила кон компании поврзани со поранешниот потпретседател на Судиската комисија, Хосе Марија Енрике Негреира.
Меѓу 2001 и 2018 година, Барселона на компаниите во сопственост на Негреира им исплатила околу 7,3 милиони евра. Каталонскиот клуб тврди дека исплатите биле за усмени извештаи за судење, анализи на судии, совети како судиите се однесуваат и што да се очекува на натпреварите, а не за купување на судии.
Досега не е пронајден ниту еден доказ дека некој натпревар е наместен или дека судија примил поткуп. Поради тоа случајот не е претставен како доказ за местење натпревари, туку како сомнеж за корупција и можен обид за влијание врз судиската организација.
Меѓутоа, Реал Мадрид бара да се започне процес и Барселона да одговара за купување на судии. Побараа одземање на сите трофеи во периодот од 2001 до 2018 година.
“Реал Мадрид побара од УЕФА да ги одземе сите трофеи што Барселона ги освоила додека плаќала на Негреира”, наведува Хосе Феликс Диаз.
















