Реал Мадрид постигнал договор со играчот на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот медиум „Канал +“ пренесува дека Реал Мадрид успеал да ги победи Барселона, Манчестер Јунајтед и Тотенхем во битката по потписот на Адриен Рабио.

Играчот на ПСЖ ќе ја промени средината и ова лето ќе има нов клуб затоа што неговиот договор со францускиот клуб ќе дојде до крајот.

За него сериозен интерес имаше од Барселона,  но според „Канал +“ прв до него ќе стигне најголемиот нивен ривал, Реал Мадрид.

Рабио долго време го нема во составот на Томас Тухел, а неговиот последен натпревар во дресот на ПСЖ беше дури на 5 декември минатата година.