Реал Мадрид сака да ангажира двајца фудбалери од Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека сè уште главна тема е Килијан Мбапе и неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид, шпанските медиуми пишуваат дека гигантот сака да ангажира двајца фудбалери од Манчестер сити.

„Кралевите“ во летниот преоден рок сакаат да купат две ѕвезди од „Итихад“, а тоа се Ерлинг Халанд и Јан Кото кој игра на позајмица во Жирона.

Кото игра на позицијата десен бек, а во 23 одиграни меча постигна два гола и шест асистенции за Жирона.

Засега не е познато колку пари вкупно ќе издвои Реал Мадрид за реализација на овие два трансфери, но нема да биде евтино.