Реал Мадрид сака да го продаде Азар, но Белгиецот ги изнервира навивачите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар ниту сезонава не се наоѓа во добра форма и игра малку на теренот, но тоа не го спречува да остане во Реал Мадрид, иако имаше најави дека во јануари ќе биде продаден.

„Марка“ откри дека фудбалерот покажал трпение за да се избори за место во екипата. Исто така, тој има добар однос со тренерот Карло Анчелоти, кој во иднина можеби би му дал минутажа.

Оваа сезона Азар одигра само 10 натпревари и има една асистенција, а во Мадрид се надеваат дека ќе стане квалитетен како што беше во Челси.

Потегот на Азар ги налути навивачите, кои конечно се надеваа дека ќе се ослободат од Белгиецот.