Реал Мадрид се измори од Азар, а тој сака да им направи „услуга“!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид не ја одбрани титулата во шпанската Ла Лига, па летово ќе направи ремонт на екипата и еден од играчите кои би требало да си заминат е Еден Азар.

Азар пристигна во Мадрид пред две години, а од тогаш за Реал одигра само 43 натпревари, на кои постигна само пет голови, а тоа е очајно за фудбалер кој беше платен 150 милиони евра.

Азар за секоја минута помината на теренот од „кралевите“ земаше по 40.000 евра, па јасно е дека Зинедин Зидан и раководството сакаат да се ослободат од Белгиецот.

Азар сака да се врати во Челси, но „сините“ сигурно нема да платат многу пари за него затоа што имаат млади и квалитетни фудбалери, а Белгиецот не е стариот играч кој доминираше во Премиерлигата.

Белгискиот репрезентативец има договор со „кралевите“ до 2024 година и добива околу 15 милиони евра по сезона.