Реал Мадрид со голема понуда ќе се трка за потпис на ѕвезда на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира во следниот период да се засили со неколку ѕвезди, а една од нив би можел да биде Рафаел Леао од Милан, иако за неговите услуги интерес покажа и Челси.

Леао има договор до 2024 година, но сепак постои голема можност да замине следното лето, а еден од тимовите кои ќе се обидат да го купи е Реал Мадрид кој наводно подготвил 80 милиони евра за неговиот потпис.

Милан бара најмалку 100 милиони евра за услугите на својот талентиран фудбалер, иако во договорот веќе има и откупна клаузула од 150 милиони евра, па ќе биде интересно да видиме кој ќе го добие потписот на португалскиот фудбалер.