Реал Мадрид со пресврт ѝ пресуди на Алмерија (Видео)


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид денеска славеше со 3-2 против Алмерија во 21. коло од Ла Лига.

Алмерија одигра одлично прво полувреме, а поведе со голот на Рамазани во 38 секунда од мечот, додека Гонзалес за 2-0 стрелаше во вториот дел.

Џуд Белингам погоди за 1-2 во 57. минута, а потоа Бразилецот Винисиус израмни на 2-2. Во продолжение од средбата Белингам погоди, но ВАР му го поништи голот, па дури во 99. минута Карвахал ги израдува „кралевите“.

Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 51 бод, односно два повеќе од Жирона, додека Барселона е на третата позиција.