Реал Мадрид состави стратегија за да го грабне Халанд од Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд се покажа како одлично засилување на Манчестер сити и веќе постигна 23 гола на 18 натпревари за премиерлигашот.

Халанд има откупна клаузула која ќе важи од 2024 година, а истата ќе изнесува 180 милиони евра, колку што ќе мора да плати Реал Мадрид за да го ангажира.

Шпански „АС“ објави дека главен кандидат за потписот на Норвежанецот е Реал Мадрид кој веќе направил стартегија за да го ангажира Халанд.

Клаузулата важи за тимови надвор од Островот, односно ќе може да ја искористат „кралевите“, кои ќе го купат Халанд како замена за Карим Бензема.