Реал Мадрид става клаузула како во договорот со Мората?


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Неговиот менаџер има фантастични односи со бундеслигашот и се очекува тоа да пресуди околу новиот клуб. Зинедин Зидан беше искрен кон него:

Не можеш да сметаш на голем број минути во следната сезона“ и Хесе Родригез, уште едно дете на Реал Мадрид ќе мора да го напушти Сантијаго Бернабе.

Шпанскиот АС тврди дека Хесе сака да игра и има намера да остане уште една година во Мадрид, а следното лето како слободен агент би можел да добие поголема плата. Според истиот извор тој се поздравил со соиграчите. Името на новиот клуб не е познато, но се претпоставува дека се работи за Баер Леверкузен кој минатите месеци многу се распрашуваше за 23-годишниот фудбалер. Тоа што оди во прилог на ваквиот развој на настаните е дека менаџерот на Хесе со години успешно соработува со бундеслигашот, а посебно со Леверкузен, а неговата плата од 1.7 милиони евра не може да ја плати ниту Лас Палмас, ниту Бетис, ниту Еспањол.

Се очекува Реал максимално да извлече 10 милиони евра како оштета, а Хесе вреди многу повеќе. Сега Мадриѓани размислуваат како во договорот да стават повратна клаузула како што беше со Алваро Мората.