Реал Мадрид за првпат сезонава не постигна гол!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа со Виљареал во мечот од седмото коло од шпанската Ла Лига.

„Жолтата подморница“ имаше свои шанси, посебно во првиот дел, додека Карим Бензема, Винисиус Жуниор и другарите овој пат не пронајдоа начин да дојде до голот.

Тоа што навивачите на Реал ги теши е фактот што по седум кола нивниот тим нема пораз и со 17 бодови се наоѓа на првото место во Ла Лига.

„Кралевите“ во вторник игра против Шериф Тираспол во мечот од второто коло во Лигата на шампиони, а потоа ќе се пресмета против Еспањол.