Реал Мадрид заинтересиран за фудбалер на Вулверхемптон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дон Балон“ пишува дека Реал Мадрид е заинтересиран за потписот нафудбалерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

Станува збор за играч кој ја контролира средината на теренот на „волците“ и кој располага со топовски удар кој го прикажа и на натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Според медиумот, Невеш би бил решение за средината на теренот на Реал Мадрид за во јануарскиот преоден рок, и нема да дојде како прва опција во тимот туку ќе добие можност да се докажува, а доколку ја оправда довербата ќе биде вметнат во стартните 11 на Зидан кој оваа година мака мачи со средината на теренот предовдена од искусните Лука Модриќ и Тони Крос.