Реал Мадрид оди на сигурна варијанта – се засилува од Ливерпул, но под еден услов!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Челси, Еден Азар речиси сигурно ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид, но очигледно „кралевите“ таму нема да застанат и ќе се обидат да ангажираат уште неколку ѕвезди во текот на летото.

Уште еден фудбалер, кој се поврзува во последно време со трансфер во Реал Мадрид е Садио Мане од Ливерпул, кој сезонава е еден од најважните фудбалери на клубот од „Енфилд“.

Овој 27-годишен напаѓач има договор до 2023 година со Ливерпул, а неговиот тим се бори за титулата во Премиерлигата, но и покрај сигурно не би одбил трансфер во шпанскиот гигант.

Сепак, шпански „Конфиденсијал“ пишува дека претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез нема да почне преговори, доколку Мане самиот не соопшти на раководството на Ливерпул дека сака да се пресели во Мадрид.