Реал повторно бара голман во Англија, но ова е изненадување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Де Геа отпадна, но кралскиот клуб повторно се обидува да му најде замена на Кејлор Навас.

Иако одлично бранеше минатата сезона, Кејлор Навас повторно е на мета на шпекулации.

Реал сака нов голман, а наводно се распрашуваат за Лорис кој има 29 години, ова ќе биде шанса на кариерата за него, но тешко дека Тотенхем ќе се откаже од него.

Медиумите на островот соопштија дека понудата од 40 милиони би била доволна.

Во овој момент останува нејасно што ќе се случи со Навас кој беше одличен минатата сезона.

Костариканецот ќе го пропушти почетокот на сезоната, па во натпреварот во Суперкупот ќе брани Кико Касиља.