Реал се ослободи од еднo од најголемите трансфер промашувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од поголемите трансфер утки на Реал Мадрид кој во клубот дојде за 13 милиони евра, Лукас Силва си замина од клубот како слободен играч.

Преодниот рок заврши вчера, а Реал не успеа да најде купувач за фудбалерот кој во 2015 година пристигна од Крузеиро за сума од 13 милиони евра.

Во дресот на „кралскиот клуб“ одигра само девет натпревари, а иако играчот имаше договор до 2020 година двете страни се одлучија за спогодбен раскин, па Силва сега како слободен агент ќе може да си бара нова средина.

За него интерес има од тимови од Мексико, Аргентина и Катар што јасно го покажува вртоглавиот пад на неговата кариера.