Ребиќ ја дозна казната откако го нарече судијата – ку*вин син!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ не се спаси од Дисциплинската комисија на италијанската Серија А, која ја соопшти казната за играчот на Милан.

Хрватот го навреди судијата во самиот финиш на мечот меѓу Милан и Наполи (0-1), па заработи директен црвен картон бидејќи му кажа „ку*вин син“.

Ребиќ ќе мора да паузира два меча во Серија А поради црвениот картон, а казна доби и голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, и тоа од 10.000 евра.

Тренерот на Верона Иван Јуриќ доби забрана за водење на тимот во следниот натпревар во Серија А како и парична казна од 10.000 евра поради оспорување на судиска одлука против Сасуоло.