Ребиќ откри: Мојот агент разговараше и со Интер, но срцето го избра – Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ откри дека во претходните недели за него бил заинтересиран и најголемиот ривал на Милан, а тоа е Интер.

По караницата со управата на Ајнтрахт Франкфурт беше јасно дека Ребиќ на лето ќе замине од клубот, а сагата заврши откако потпиша за Милан, кадешто ќе остане на двегодишна позајмица со можност за откуп за 25 милиони евра.

„Мојот агент разговараше и со Интер, но јас не го направив тоа. Кога се јави Милан, за мене повеќе немаше дилема каде ќе се преселам“, кажа Ребиќ.

Многумина мислат во Италија дека токму Ребиќ му е потребен на Милан, а Хрватот ќе има доволно време да ги покаже своите квалитети во редовите на „росонерите“.