Ребиќ пред суспензија поради нападите кон селекторот Далиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ го прекршил правилникот за однесување на фудбалскиот сојуз и поради тоа го чека жестока казна.

Ребиќ беше означен како виновник поради менување копачки во текот на мечот со Шпанија, а потоа на Инстаграм напиша нешто што ги налути навивачите.

„Не е важно кој е виновен, фактот е дека во последните две, три години сме сра*е. Лично ми е жал што немавме некој кој ќе ја искористеше оваа талентирана генерација“, напиш Ребиќ, кој потоа го нападна и Роберт Просинечки.

Со тоа го прекрши правилникот и сега го очекува шестмесечна суспензија и казна во износ од 700 до 5.500 евра, доколку селектор Златко Далиќ го пријави.