„Ред Бул може да го купи Кристијано Роналдо уште утре ако сака!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Компанијата „Ред Бул“ во 2005 година влезе во светот на фудбалот откако го купи Салцбург од Австрија. Во претходните 15 години тие вложија голема сума на пари, па екипата постигнува добри резултати.

„Ред Бул“ го купи и Лајпциг, кој во последните неколку години направи уште поголем успех. А освен на овие две екипи, компанијата е газда и на Њујорк Ред Бул, Ред Бул Бразил, Ред Бул Брагантино и Ред Бул Гана.

Тие се финансиски моќни, а за тоа зборуваше и германскиот фудбалер Оливер Крагл, кој играше две години во Австрија и не го крие воодушевувањето со напредокот на Салцбург и Лајпциг.

„Салцбург во Лигата на шампиони беше одличен, но што да се каже за Лајпциг, кој го исфрли Тотенхем во осминафиналето. Ред Бул вложи многу пари и ако сакаат можат да го купат Кристијано Роналдо уште утре“, вели тој.