Редот е се подолг, цената расте, во Фиорентина ги тријат рацете – Зенит, Интер или Јуве – Кој ќе го купи Бернардески?


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Засега цената стигна до 25 милиони евра, но има потенцијал да биде уште поголема.

Не е тајна дека Фиорентина знае добро да заработи, а уште една потврда би можела наскоро да стигне бидејќи сите го сакаат Бернардески.

Прв во редот е Интер кој од почетокот на преодниот рок покажа интерес за италијанскиот репрезентативец. Нероазурите тргнаа во офанзива бидејќи покрива повеќе позиции. Интер како врска во оваа работа би можел да ја има Сунинг групата која нуди 25 милиони евра.

Тука се Јувентус и Зенит. Старата дама би можела да го користи Бернардески на десната страна, посебно кога остана без Квадрадо. Мората повеќе го нема, а Заза е на излезни врати.

Сепак, во последен момент скокна и Зенит посебно кога остана без Хулк кој се пресели во Кина. Русите наводно ќе понудат 30 милиони евра.