Рекорден трансфер на Андерлехт


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Не само дека е соборен клупскиот рекорд, веќе е реализиран најголемиот трансфер во историјата на белгискиот фудбал.

Андерлехт го доведе Николае Станчиу од Стеауа за нешто помалку од 10 милиони евра, што е нов белгиски рекорд.

„Кралскиот клуб“ од Брисел на Романците одма ќе плати 4 милиони, а во наредните девет месеци уште 3.8, а доколку во наредните две сезони одигра преку 50 % од мечевите за својот нов клуб висината на трансферот може да се порасне до 9.8 милиони евра.

23-годишниот офанзивен играч за врска стигнува како замена за Денис Прает кој пред неколку дена е продаден на Сампдорија за 10 милиони евра.

Тој ќе биде втор романски фудбалер во тимот на Андерлехт, ќе се придружи на другарот од репрезентацијата Александару Чипчију.

Николае Станчиу досега одигра 7 меча за репрезентацијата на Романија и постигна 4 гола. Играше на ЕП во Франција во ова лето, на кое Романците не се прославија.