Ремзи си одбра број во Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арон Ремзи уште претходно го договори својот трансфер во Јувентус, а исто така одбра нов број.

Велшанецот во слободен транфер се пресели во Јувентус од Арсенал, а на Старата дама ќе се придружи во следниот период.

Ремзи во Торино ќе го носи бројот осум, кој последен пат го носеше италијанскиот играч од средниот ред Клаудио Марчизио, но минатата сезона овој број беше неискористен.

Понекогаш овој број го носеше и Антонио Конте, денес менаџер на Интер и една од легендите на Јувентус.

Ремзи и во Арсенал го носеше бројот осум, а претходно на грбот го носеше бројот 16.
Играчот од средниот ред беше во Арсенал од 2008 до 2019, а краток период беше на позајмица во Нотингам Форест и во Кардиф Сити.