Рено конечно потврди: Алонсо ќе вози во Ф1 (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот возач Фернандо Алонсо ќе вози во Формула 1 следната сезона за екипата на Рено, а денеска тимот ја потврди информацијата која се појави во претходните денови.

Францускиот тим го потврди неговиот ангажман, а Шпанецот ќе вози на местото на Даниел Рикардо, кој се сели во Мекларен.

Алонсо повторно се враќа во „најбрзиот циркус“ по две години, и тоа во екипа со која освои две титули во Ф1.

Покрај Алонсо, во болидот на Рено ќе биде уште и Естебан Окон.