Реприза на финалето од 2020: ПСЖ сака одмазда против Баерн Минхен!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актуелниот шампион Баерн Минхен е домаќин на еден од своите стари непријатели ПСЖ, во рамки на ¼ финалето од фудбалската Лига на Шампиони.

Ова воедно е и реприза на финалето од минатата сезона во кое Баерн Минхен славеше и ја освои престижната титула. Сега, на „Алијанц Арена“ во Минхен, домаќинот повторно е фаворит, но ПСЖ верува во одмазда. Веќе поминаа скоро осум месеци откако Кингсли Коман постигна гол, доволен за на Баерн да му донесе европски трофеј.

Баерн сака реприза од финалето минатата сезона

Баерн Минхен е многу блиску до одбрана на титулата во Германија, особено откако славеше победа од 0:1 над Лајпциг минатиот викенд. Чистата доминација на Баерн на европската фудбалска сцена кулминираше со тоа што поранешниот фудбалер на ПСЖ, Коман го постигна клучниот гол во финалето на Лигата на шампионите и со тоа стана првиот играч во историјата кој постигнал гол против неговиот поранешен клуб во финален меч.

Јасна е целта на Баерн сезонава и таа не е променете неколку сезони по ред – трофеи во сите натпреварувања.

Баварскиот гигант прилично лесно помина против Лацио во последната рунда и со вкупна победа од 6:2 си закажа меч со ПСЖ.

Со 18 победи од последните 19 настапи во Лигата на шампионите, Баерн може да стане само вториот тим во историјата што ќе има серија од 20 натпревари без пораз во ова натпреварување, следејќи ги стапките на Манчестер Јунајтед помеѓу 2007 и 2009 година.

Овој пат проблем за тимот ќе биде отсуството на Левандовски поради повреда како и позитивниот ковид тест на Гнабри. Отсуството на овие двајца дфинитивно ќе се почуствува на теренот, но Флик има безброј варијанти и можности за да најде достојни замени за нив.

ПСЖ мечтае по трофејот во ЛШ

ПСЖ има ефективен напаѓач во Килијан Мбапе кој може да собори повеќе рекорди во Лигата на шампионите, но 22-годишниот фудбалер не беше во состојба да спречи неговиот тим да загуби со 1:0 од Лил минатиот викенд во битката за лидерската позиција.

ПСЖ сега е втор со заостанување од три бода во однос на Лил, што за сите фудбалски експерти е огромно изненадување.

Маурисио Покетино повеќе не е мирен на жешкото столче на ПСЖ. Доколку не ја освои Лига 1, јасно е дека ќе добие отказ.

Четвртата последователна титула во Лига 1 е од огромно значење за ПСЖ, но сите во и околу екипата мачтеат за круната во Лигата на шампионите и тоа ќе биде вистинската награда што Леонардо и соработниците толку многу ја сакаат.

Триумфот на ПСЖ од 1:4 во Барселона предизвика шок во фудбалскиот свет, откако Мбапе го направи Камп Ноу детско игралиште. И покрај тоа што тимот на Покетино не можеше да го повтори својот настап во Каталонија на домашно тло, нерешениот резултат 1:1 беше доволен за да ги видиме француските гиганти во последните осум, само по втор пат во изминатите пет сезони.