Репторс во фантастичен натпревар ги совладаа Селтикси, Клиперси на чекор до финалето на Запад


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Торонто Репторс по две продолженија го совлада Бостон Селтикс со резултат 125:122 и ја израмни серијата на 3-3.

Видовме навистина феноменален натпревар. Бостон водеше до средината на натпреварот во третиот период, кога Репторс поведоа до две минути пред крајот кога Селтикси дојдоа до 98:98.

Тогаш и двата тима останаа без поени, Сиакам имаше шут за победа на Рапторс, не погоди и заминаа во продолженија, каде повторно актуелните шампиони имаа шут за победа, овојпат не погоди Пауел.

Сепак, победникот беше решен во второто продолжение. Торонто беа за нијанса подобри и успеаја да победат, иако Смарт имаше шут за ново продолжение, кој не го погоди.

Кајл Лаури беше фантастичен. Постигна 33 поени и имаше осум скока и шест асистенции, а Пауел додаде 23.

Од друга страна, Џејлин Браун го заврши мечот со 31 поен и 16 скока, додека Џејсон Тејтум имаше 29 поени, 14 скока и девет асистенции. Трипл-дабл го постигна Маркус Смарт со 23 поени, 11 скока и 10 асистенции.

На чекор до пласман во финалето на Западната конференција се наоѓаат ЛА Клиперс, кои го совладаа Денвер Нагетс со 96-85 и поведоа со 3-1 во серијата.

Клиперс целосно ја контролираа играта и резултатот на овој натпревар. Нагетси успеаја да израмнат во текот на третиот период, но потоа тимот од Лос Анџелес повторно поведе и не ја испушти предноста до крајот за трета победа во серијата.

Кавај Леонард ги предводеше Клиперси на овој натпревар со 30 поени, 11 скока и девет асистенции, додека од друга страна Никола Јокиќ постигна 26 поени и имаше 11 скока.