Револуција во Ф1: Со спринт квалификации ќе се одредуваат пол-позициите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Формула 1 соопшти дека сезонава на три патеки ќе бидат одржани спринт квалификации пред трката.

Досегашните квалификации ќе се возат во петок, по првиот слободен тренинг, по што во сабота ќе се решава за пол-позицијата преку спринт квалификации.

Програмата во сабота би почнала со слободен тренинг, а потоа следат квалификациите со спринт, кои ќе бидат долги 100 километри, а ќе се возат на трките во Силверстоун, Монца и уште една патека надвор од Европа.

„Возбудени сме поради оваа одлука која на нашите навивачи ќе им понуди поинтересен викенд за трка“, кажа извршниот директор на Ферари, Стефано Доменикали.