Револуција во фудбалот: Чеферин и УЕФА ја поддржаа Суперлигата за најмоќните!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе биде многу потешко, а многу екипи од средната класа ќе мора да се задоволат со сегашниот формат на лига Европа.

Здружението на европските фудбалски клубови сериозно размислува да почне приказна за трансформација на сегашниот формат на Лигата на шампиони од 2024 година.

Тоа е решено на генералното собрание во Амстердам во вторник, а претседателот Андреа Ањели не сакаше да откри премногу детали, зашто уште не се финализирани истите.

Сепак, делува дека промена во иднина е неизбежна, а постојат голем број дискусии во Здружението. Една струја инсистира Лигата на шампиони да се игра во викенд, а националните првенства во текот на неделите. За почеток, предлогот е во вкенд да се играат нокаут-фазите и фналето, а шпанските клубови беа директни: Не дојдовме да разговараме за викендите, туку за промена на форматот на натпреварувањето.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој исто така ги дозна деталите, па го поддржува планот за создавање на лига на елитните клубови. Сепак, е свесен дека таа идеја ќе има отпор од претставниците на послабите сојузи.

УЕФА од 2020/21 би требало да ја прошири Лига Европа на две дивизии, а Чеферин верува дека така би им помогнал на клубовите од послабите сојузи на европскиот фудбал.

„Ги браниме сопствените интереси. Јасно ни е дека нашите идеи и цели не ги исполнуваат желбите на поголемиот дел од клубовите, но не ни треба нивната поддршка за да го реализираме ова“, порачале креаторите на Суперлигата.