Резервниот дрес на ПСЖ изгледа феноменално


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на ПСЖ во наредната сезона влегува со неколку промени во играчкиот кадар.

Актуелниот шампион на Франција во овој момент се припрема за новата сезона во која ќе играат без најдобриот стрелец Златан Ибрахимовиќ. Сепак, промената на играчкиот кадар не е единствено нешто што е сменето во францускиот клуб.

Имено, овој француски клуб денес ги претстави новите дресови со кој ќе игра на гостинските натпревари. Навивачите на оваа екипа се воодушевени од дизајнот и бојата на дресот, а треба и да се признае дека навистина изгледаат фантастично.