Рибери го „испрати“ Робен во пензија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арјен Робен и Франк Фибери 10 години ја делеа соблекувалната на Баерн и заедно ги „вознемируваа“ одбраните ширум Европа.

Сепак, дојде крај и за легендарното „Робери“ дуо, затоа што Рибери и Робен по завршувањето на сезоната станаа слободни играчи.

Се шпекулираше дека и двајцата ќе бараат нови предизвици, но 35-годишниот Холанѓанец вчера ја изненади фудбалската јавност со соопштение дека оди во пензија.

Сеуште не се знае дали и Рибери ќе оди по стапките на својот долгогодишен соиграч, но се чекаат и шпекулации за негов нов предизвик во кариерата.

После вестите за повелуквањето на Робер, се огласи и Рибери со кратка порака за Холанѓанецот.

„Најдобар фудбалски партнер во Баерн кој можам да го замислам. Робери никогаш нема да биде заборавен. Каква кариера, пријателе мој … Сега уживај во времето надвор од терените“, напиша 36-годишниот Французин.