Рибери испрати порака со извинување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фиорентина го изгуби натпреварот против Лацио, но и Франк Рибери и тоа за неколку наредни натпревари.

Рибери после натпреварот го нападна помошниот судија Пасери и сега му се заканува строга казна, тој на „одмор“ најверојатно би бил наредните четири натпревари.

Откога му излади главата, легендарниот Французин испрати порака со извинување, како на судијата така и на навивачите на Виолетовите

„Жал ми е поради се што се случисиноќа, им се извинувам и на соиграчите, тренерот и на навивачите. Се извинувам и на господинот Пасери бидејќи на крајот од натпреварот бев многу нервозен и разочаран и се надевам дека ќе ме разберете како ми беше“.

„Отсекогаш сакам да сум на теренот и да им помогнам на моите соиграчи. Дојдов во Фиренца и поради овој град и овој клуб очекувам Фиорентина да обрати поголемо внимание, внимание кое им се посветува и на другите клубови поради напорната работа која заедно ја извршуваме секој ден “, прорача Рибери.

Овој 36-годишен играч на шест натпревари во Серија А постигна два погодоци и запиша две асистенции, но поради својот непромислен потег во наредните натпревари нема да може да им помага на своите соиграчи.