Рибери му прати порака на Видал на WhatsApp, па потоа ја објави на Instagram


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Артуро Видал минатото лето пристигна во Барселона од Баерн, а многу навивачи на каталонскиот клуб беа скептични околу овој трансфер.

Поголемиот дел од навивачите сметаа дека доаѓањето на Видал е промашување за нивниот клуб, но Чилеанецот го докажа спротивното. Видал ги „купи“ навивачите со својата борбена игра и секогаш на секој меч на теренот го остава последниот атом од својата сила.

Чилеанецот на мечот против Ливерпул ги воодушеви навивачите со борбаната игра и поради тоа доби голем број на пофалби.

Стигна пофалби и од Минхен од неговите поранешни соиграчи.

Прв кој се огласи беше Франк Рибери кој му прати фотографија од теретана заедно со Џејмс и Рафиња, а потоа му честитаа на одличното издание со надеж дека на крајот ќе се врати со освоен трофеј од Лигата на шампионите.

Во продолжение можете да ја погледнете фотографијата.