Рибери пред голема суспензија по расправата со помошниот судија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Фиорентина синоќа на свој терен беа поразени од Лацио во мечот од 9. коло од Серија А со резултат од 2:1.

Лацио одлично започна и дојде во водство во 22. Минута кога голот го постигна Кореа, но Фиорентина се врати само шест минути покасно кога Чиеса израмни за резултат од 1:1 со помош на асистенцијата од Рибери.

Во вториот дел гледавме голема борба, а до победа Лацио дојде во 89. Минута, а гол за победа и три бодови на гостите им донесе Имобиле.

Гостите во 97. Минута можеа да постигнат и уште еден погодок но Каичедо го промаши пеналот.

Голема драма се одвиваше и по натпреварот бидејќи играчите на Фиорентина беа бесни на судиите. Тоа посебно се однесува на Рибери кој имаше што да му каже на еден од помошните судии.

Рибери може да биде суспендиран на подолг период бидејќи на видеото на два наврати го турка помошниот судија. Потврдено е дека Рибери во тунелот доби црвен картон и сигурно ќе пропушти неколку од наредните натпревари.