Рибери за понудата која ја имал: Проблем беше договорот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Франк Рибери доживува нова младост во дресот на Фиорентина.

После 12 години поминати во Баерн, Рибери во текот на летото се придружи на Фиорентина и многумина беа скептични околу овој трансфер, меѓутоа денес се покажува дека тој е младич во телото на ветеран.

Се покажа дека Рибери направи повеќе од добар потег што не отиде во пензија, иако веројатно многумина го советуваа да оди токму во пензија, а освен Фиорентина откри дека летово и неколку други тимови се интересирали за неговите услуги.

„Имаше понуда од разни европски клубови, интерес имаше дури и на клубови од Англија“, раскажа Рибери во разговор за германскиот спортски весник Билд.

Се шушкаше дека Рибери сакал да оди и во Ајнтрахт, а тоа го потврди и самиот.

„Да, слушнав за тоа, но проблем беше што тие сакаа да ми дадат само едногодишен договор. Мене тоа не ми одговараше. Се знам себеси, своето тело и уште колку можам да играм. Фиорентина ми веруваше повеќе и на крајот тоа пресуди“.

Во досегашната сезона, Рибери за Фиорентина има постигнато 2 погодоци и една асистенција.