Рикардо ќе вози за Алпин!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фернандо Алонсо реши да го напушти тимот на Алпин на крајот на сезоната и да вози за Астон Мартин, па така екипата почна да бара негова замена и веќе објави дека Оскар Пиастри ќе го замени Шпанецот, но младиот возач веднаш реагираше и кажа дека тоа нема да се случи.

Пиастри, кој е тест-возач во Алпин, кажа дека без негово знаење била објавена информацијата и поради тоа нема намера да вози за екипата, па сега француските медиуми пишуваат дека тимот пронашол нова опција.

Даниел Рикардо има договор со Мекларен, но и лоша сезона, па соработката наскоро би можела да биде завршена, а одличниот возач да се пресели во Алпин.

Еден од возачите на Алпин за следната сезона сигурно останува Естебан Окон, па се очекува само да се пополни второто место, кое најверојатно ќе му припадне на Рикардо.