Рио Фердинанд со фотографијата од Лионел Меси го насмеа цел свет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона и Манчестер Јунајтед вечерва го играат реванш натпреварот на Камп Ноу во четврт-финалето од Лигата на Шампионите.

Каталонскиот клуб во првиот натпревар кој минатата седмица се одигра на Олд Трафорд победи со минимален резултат од 1:0 е далеку во подобра позиција пред вечерашниот реванш во Барселона.

Меѓутоа, Манчестер Јунајтед во минатата фаза против ПСЖ покажа дека не смее така лесно да се отпише, бидејќи покажаа колку се способни да направат големо изненадување .

Јасно е дека на Манчестер Јунајтед најголема опасност му претставува Лионел Меси кој во минатото му има зададено неколку тешки удари. Секако, тоа се однесува на двете финалиња на Лигата на Шампионите кои ги доби Барселона, а и во двата натпревари Меси постигна по еден погодок.

Пред вечерашниот дуел на Камп Ноу на Твитер се огласи легендарниот дефанзивец на англискиот клуб Рио Фердинанд. Тој објави фантастична слика од мечот против Барселона пред 11 години кога се најде во дуел со Меси кој тогаш беше на самиот почеток на кариерата.

Меси уште тогаш покажа неверојатен талент и беше јасно дека пред него претстои голема кариера. Фердинанд ги насмеа сите со објавата на Твитер, односно со описот на фотографијата.

„Те молам, оди таму!“ – напиша Фердинанд на фотографијата на која се гледа како „пробува да го избрка“ Меси од голот на Црвените Ѓаволи.