Ришарлисон договори трансфер во Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот фудбалер на Евертон, Ришарлисон ќе се пресели во Тотенхем, а таа информација ја објави специјалистот за трансферо Фабрицио Романо.

Евертон мора да продаде еден од најдобрите фудбалери за да ја подобри финансиската состојба, а Бразилецот веќе ги договорил личните услови со тимот на Антонио Конте.

Тотенхем за неговите услуги ќе треба да плати 50 милиони фунти плус 10 во бонуси, а медицинските прегледи ќе се извршат денеска во Бразил.

Бразилецот минатата сезона одигра 33 меча за тимот од „Гудисон парк“ и притоа постигна 11 голови и пет асистенции.