Ристовски до Бугарите: Сега е наш ред европски да ве пречекаме!

Македонскиот капитен Стефан Ристовски вечерва нема да заигра за Македонија против Бугарија, но сепак испрати порака преку социјалните мрежи.

Ристовски им посака среќа на неговите сонародници од репрезентацијата и побара голема поддршка од навивачите, но и пријателски пречек, каков што имале македонските репрезентативци во Разград.

„Среќно, браќа мои. Добредојдовте во Македонија. Сега е наш ред европски да ве пречекаме“, порача капитенот.