Ристовски му удри шлаканица на фудбалер на Осиек (Видео)

Хрватските медиуми објавија снимка на која може да се забележи дека македонскиот фудбалер Стефан Ристовски му удри шлаканица на еден од ривалите од Осиек.

Натпреварот заврши без победник (1-1), а пред крајот се случи сериозен инцидент на теренот кога Ристовски го удри противникот.

За среќа на македонскиот фудбалер немаше реакција ниту од ВАР-собата и помина без казна.