Ристовски: Паузата ни дојде одлично, но февруари ќе биде тежок месец за нас!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната, иако недостигаат седум ракометари кои во моментов имаат репрезентативни обврски.

„Црвено-црните“ имаат дури 11 натпревари во февруари, а седум од нив ќе се одиграат во елитната Лига на шампиони. Вардар досега во натпреварувањето има три порази, едно реми и една победа.

„Се подготвуваме за февруари кој ќе биде тежок месец, не чекаат 10-11 натпревари. Но, тоа треба да и да не мотивира да се држиме заедно за остварување на нашите цели. Паузата ни дојде добро на сите, да се одмориме и да се опоравиме од сите повреди кои ги имавме. Распоредот е тежок и мораме да останеме фокусирани. Ќе се обидеме да дојдеме до место погоре на табелата за да добиеме полесен противник во баражот. Не чека многу работа, мораме да мислиме само на успесите на Вардар и ракометот во Македнија“, кажа Борко.